Дома Фудбал Светот не може да си поверува што Американците објаснуваа за време на Мундијалот

Светот не може да си поверува што Американците објаснуваа за време на Мундијалот

Светското првенство 2026 година само што започна, а американскиот телевизиски пренос веќе стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во текот на отворачката средба помеѓу Мексико и Јужна Африка, гледачите забележаа непознато обележје во преносот од една американска телевизија. Кога јужноафриканскиот фудбалер Јаја Ситхоле доби црвен картон, на екранот не се појави само стандардната ознака за исклучување.

Наместо тоа, телевизијата прикажа дополнително објаснување за гледачите за значењето на црвениот картон и какви последици има за тимот кој продолжува со играч помалку.

Навистина ли…

Таквиот потег предизвика бура од реакции меѓу фудбалските навивачи ширум светот.

“Навистина ли им треба објаснување за што значи црвен картон?”, “Ова е најамериканска работа што ја видов на Светското првенство” и “Фудбалот се следи повеќе од сто години, а тие на гледачите им објаснуваат основи на играта” се само некои од коментарите кои се рашија по социјалните мрежи.

Американците се најдоа на мета на шеги токму затоа што за остатокот од фудбалскиот свет таквото објаснување е сосема излишно. Од друга страна, дел од гледачите ја бранеа телевизијата нагласувајќи дека Светското првенство е можност да се доближи фудбалот до публиката во САД, каде американскиот фудбал, кошарката и бејзболот сѐ уште се значително попопуларни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наследничката на Лариса Рикелме ќе пристигне на СП? Навивачите бараат да биде на натпреварот (Видео)

Парагвај повторно се вклучи на големото спортско натпреварување, а со него и Парагвајките.…