Дома Фудбал Португалија е подобра без Роналдо

Португалија е подобра без Роналдо

Кристијано Роналдо е најголемата легенда во историјата на Португалија и личност чие влијание го надминува фудбалот и спортот. Тој од “навигачите” направи една од водечките репрезентации во светот, но изгледа дека е време да се соочиме со непријатната вистина.

Бројките на Роналдо не можат да се оспорат, но може начинот на кој Португалија игра кога тој е на теренот. Преку кариерата го следеше дефанзивната мрзливост, која во позните години достигна врв. Спортската ароганција и некој вид себичност некогаш му одеа во прилог, но сега често ги спречуваат помладите соиграчи да заблескаат.

Ова е генерација полна со млади и енергични играчи како Витиња и Жоао Невеш од Пари Сен Жермен. Тука е и феноменалниот Бруно Фернандеш, кој никогаш не излезе од сенката на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Јувентус и мадридски Реал кога е репрезентацијата во прашање. Станува збор за тим кој сака да ротира позиции, врши висок пресинг и игра колективно. Технички брилијантниот, но поспор Роналдо не се вклопува идеално во таков систем.

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот сè уште е способен да направи разлика, но не за целите 90 минути. Најдобриот баланс би бил Роберто Мартинез внимателно да го дозира и да го користи како убојито оружје, што не би било изненадување со оглед на зголемениот број натпревари. Сепак, за таквата одлука потребна е храброст. Поранешниот селектор Фернандо Сантош масовно беше критикуван од навивачите кога го остави на клупата во Катар 2022, иако Португалија тогаш ја декласираше Швајцарија со 6:1.

Публиката на Пиринеите сè уште е категорични на страната на петкратниот освојувач на Златната топка, дури и кога станува збор за оние кои подетално го следат најважното споредно нешто во светот. И таквиот став е разбирлив од социолошка перспектива, Роналдо ги задолжи за векови.

Португалија има тим кој може да се искачи на врвот на светот, иако не е првиот фаворит за трофеј. Времето ќе покаже каква стратегија ќе избере шпанскиот стратег, како и дали таа ќе биде победничка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ: Погледнете еден од најубавите голови во историјата на фудбалот! 

Мигел Борја изведе мајсторија за паметење во големото мексиканско дерби меѓу Америка и Гва…