Дома Фудбал Интер е многу блиску до дефанзивецот на Удинезе

Интер е многу блиску до дефанзивецот на Удинезе

Од Интер се многу блиску до потпишување на централниот дефанзивец на Удинезе Умар Соле, пренесуваат во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Џанлука Ди Марцио, „нероазурите“ се надеваат да ја затворат зделката со понуда вредна 20+2 милиони евра, додека според „Газета дело спорт“ поставената цена е 25 милиони. Николо Скира пак пишува дека Интер се договорил со Соле за договор до 2031 година со плата од 2,4 милиони евра годишно.

Се очекува зделката да биде оформена како првичен заем со задолжителна опција за купување после првата освоена точка на италијанскиот шампион од февруари натаму. Во минатата сезона 26-годишниот Французин одигра вкупно 38 натпревари со три гола и една асистенција.

Меѓутоа, Интер е заинтересиран и за негов сонародник, кој исто така игра во Удинезе. Станува збор за Артур Ата, кој е алтернативна трансферна цел на Кертис Џонс од Ливерпул, со цена над 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо инсистира за Бастони во Реал Мадрид, Интер постави сериозна цена на дефанзивецот

Реал Мадрид не се откажува од идејата да го донесе Алесандро Бастони, но Интер ќе размисли…