Дома Фудбал Јунајтед бесплатно ги пушти играчите за кои ги плати 170 милиони евра

Јунајтед бесплатно ги пушти играчите за кои ги плати 170 милиони евра

Џејдон Санчо (26), Касемиро (34) и Тајрел Маласија (26) заминуваат од Манчестер Јунајтед како слободни играчи. Санчо пристигна на Олд Трафорд пред пет години од Борусија Дортмунд за сума од 85 милиони евра, но левото крило од тогаш одигра само 83 натпревари за Јунајтед со учинок од 12 голови и шест асистенции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не се снајде во Манчестер и половина од времето го помина на заем во Борусија, Челси и Астон Вила. Касемиро пристигна во Јунајтед пред четири години од Реал за 70 милиони евра. Дефанзивниот играч за врска остави многу подобар впечаток од Санчо. Во 160 натпревари постигна 26 голови и настави 14 асистенции. Преоѓа во Интер Мајами.

Маласија, исто така, дојде во Јунајтед пред четири години. На Феенорд за левиот бек беше платена отштета од 15 милиони евра, но за Манчестер има само 50 настапи. Минатата сезона играше само 15 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По авантурата во Турција: Чурлинов се враќа во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред заминување од Кочаелиспор, со кој момен…