
Авиокомпанијата Емирјатес од Дубаи го продолжи спонзорскиот договор со Реал Мадрид за дополнителни пет години, сé до 2031 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Реал Мадрид и Емирјатес го обновија своето партнерство, така што најголемата светска авиокомпанија ќе остане главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, изјави мадридскиот гигант.
Во официјалната објава не се споменува сума на договорот, но реномираниот дневен весник AS објави дека станува збор за 100 милиони евра годишно.
Емирјатес стана спонзор на Реал Мадрид во 2011 година, а од 2013 година се главен спонзор на клубот. Логото на компанијата е истакнато на дресовите на фудбалерите и кошаркарите на Реал Мадрид.
🤝 Уште пет сезони заедно.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 9, 2026
Реал Мадрид и @Emirates го обновуваат својот спонзорски договор, продолжувајќи партнерство изградено врз одличност, амбиција и споделена визија за иднината.
Зашто ова е само почеток. pic.twitter.com/0g6jMz6YFP