
Денеска англиските медиуми објавуваат приказна за интересот на Манчестер јунајтед за Кристијан Ромеро. Фудбалер кој игра на позицијата стопер е еден од најдобрите во Премиер лигата на неговата позиција, но поради својата дисциплина може да биде и проблематичен, што е најголемата загриженост на навивачите во коментарите на оваа вест.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јасно е дека Едерсон од Аталанта ќе биде првото засилување, а дали Ромеро ќе биде второто?
Тоа што го привлекува Манчестер јунајтед е откупната клаузула, која изнесува 50.000.000 евра, Тотенхем би морал да го продаде по таа цена, но вистинското прашање за Јунајтед е дали е мудро да се потрошат толку пари за стопер бидејќи се враќа и Де Лихт, неодамна беше продолжен договорот со Мегвајер, а тука се Лени Јоро, Хевен и Лисандро Мартинез.
Сепак, првата цел за Манчестер јунајтед ова лето ќе биде фудбалерот на Нотингем, Елиот Андерсон, што секако има смисла.
Овој млад фудбалер вреди околу 100.000.000 фунти, во Манчестер јунајтед се уверени дека овој момче ќе ги избере нив пред Манчестер сити и се чини дека се одлучиле кога станува збор за самиот врв на листата на желби на позицијата врзен играч.