Дома Фудбал Ова би било спектакл: Македонија може да биде домаќин на Европско првенство!

Ова би било спектакл: Македонија може да биде домаќин на Европско првенство!

Во фудбалските кругови на Европа сѐ погласно се шпекулира за можноста Балканот заеднички да се кандидира за организација на Европското првенство во 2036 година, а меѓу потенцијалните домаќини се споменува и Македонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според неофицијалните информации кои кружат во јавноста, во евентуалната кандидатура би учествувале Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија. Доколку ваквиот проект добие поддршка од УЕФА, тоа би било прво Европско првенство во историјата организирано од дури шест земји.

Една од придобивките за државите-домаќини би била автоматскиот пласман на завршниот турнир, што значи дека сите шест репрезентации би обезбедиле место меѓу најдобрите во Европа без квалификации.

Во исто време, сѐ почесто се отвора и прашањето за проширување на континенталниот шампионат од сегашните 24 на 32 селекции. Таквиот формат веќе беше применуван на Светските првенства во периодот од 1998 до 2022 година и би донел поголем број натпревари, учесници и комерцијални можности за УЕФА.

Засега нема официјални потврди ниту за евентуалната балканска кандидатура, ниту за можните промени во форматот на натпреварувањето. Сепак, доколку регионот ја добие довербата од УЕФА, тоа би претставувало историски исчекор и голем спортски настан за сите земји вклучени во проектот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува сериозен преоден рок – 50.000.000 за Ромеро плус 100.000.000 за друг фудбалер

Денеска англиските медиуми објавуваат приказна за интересот на Манчестер јунајтед за Крист…