Дома Фудбал Реал Мадрид бара одземање титули на Барселона и исклучување од УЕФА!

Реал Мадрид бара одземање титули на Барселона и исклучување од УЕФА!

Реал Мадрид од Европската фудбалска федерација (УЕФА) бара одземање на трофеите поради случајот „Негреира“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави тужба против Барселона пред УЕФА поради случајот ‘Негреира’, во кој Барселона е обвинета дека во периодот од 2001 до 2018 година плаќала услуги на судии.

Истрагата откри дека Барселона помеѓу 2001 и 2018 година уплатила околу 8,4 милиони евра на компании поврзани со некогашниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии, Хозе Негреира. Сепак, не постоеја докази дека со тие уплати се оствариле предности на теренот.

Судот во 2024 година ја отфрли обвинението за подмитување на јавен службеник, бидејќи беше утврдено дека Негреира по шпанското право не го има статусот на јавен службеник. Сепак, истрагата за спортска корупција сè уште трае.

Барса ги призна уплатите, но тврдат дека уплатите биле за анализи и извештаи за судиите, како и за подготвителни материјали за стручниот тим.

Сепак, во Мадрид сметаат дека Каталонците мамеле. Перез подготви 500 страници за тужба пред Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ќе бараат сериозни казни за најголемиот ривал.

„Реал Мадрид бара од УЕФА да ги одземе титулите на Барселона поради случајот Негреира. Исто така, постои барање да се исклучи од европските натпревари. Досието со докази за нерегуларностите што го подготвува Флорентино Перез е на пат”, изјавува новинарот Хозе Феликс Диаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот Таневски објави списокот на фудбалери, Македонија ќе игра против САД!

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави …