
Флорентино Перез е моќен и нема кој да му претставува конкуренција во Мадрид. Кули и градови кои ги ветуваше Енрике Рикелме не поминаа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
А сега, да „засукаат ракави“, има многу работа на „Бернабеу“ ова лето за клубот да се врати во борба за сите трофеи бидејќи во штотуку завршената сезона не беа доволно конкуретни практично во ниту едно натпреварување.
Жозе Мурињо се враќа по 13 години, потврдуваат сите релевантни шпански медиуми. Претставувањето на португалскиот тренер наскоро ќе се одржи, но претходно Реал Мадрид ќе треба да ја плати откупната клаузула на Бенфика во вредност од дури 15.000.000 евра и тоа дефинитивно е голем трошок за ваков тип на аквизиција. Реал првично требаше да исплати 7.000.000 на клубот од „Луж“, но одложувањето на неговото враќање поради изборите ја подигна цифрата на повеќе од двојно поголем износ.
Изборите значеа и губење на драгоцени денови, бидејќи реконструкцијата на екипата ќе биде значителна, а многумина почнаа со разни операции пред Мундијалот за да се осигураат што е можно побрзо.