Дома Фудбал Познато кој е најзначајното засилување на Реал за 150 милиони евра, но постои голем проблем

Познато кој е најзначајното засилување на Реал за 150 милиони евра, но постои голем проблем

Флорентино Перез повторно е избран за претседател на Реал Мадрид и сега се очекува да го исполни ветувањето дадено во предизборната кампања – најскапото засилување во историјата на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Перез најави дека Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на тимот, потврди трансфер на Денжел Думфрис од Интер (20 милиони евра), и откри дека ќе испрати понуда од 150 милиони евра за врвен играч кој не настапува во Премиер лигата, но доаѓа од клуб од врвно ниво на Лига на шампионите.

Тоа би била најголемата трансферна сума што Реал Мадрид некогаш ја платил. Олисе е одличен играч, но не станува збор за него. Ниту за Доку… Ќе испратиме значителна понуда, од најмалку 150 милиони. Идеално би било играчот да е од среден ред или напаѓач. И не е Халанд. И не е од Премиер лигата. Првото нешто што ќе направиме е да разговараме со клубот. Ова засилување треба да предизвика ентузијазам, бидејќи тоа е целта, да се создаде ентузијазам, најави Перез.

Медиумите се обидоа да откријат кој е мистериозниот играч што го сака претседателот, и се спомнуваа имињата на Витиња, Жоао Невеш, Дезире Дуе, но “Телеграф” тврдеше дека Мајкл Олисе е целта.

Мурињо го следеше во финалето на Купот на Германија и го бараше од Перез, тврди тој лист.

“Флорентино, не се мачи – нема да ти го дадеме Олусе”

Сепак, Баерн не е воопшто подготвен да го продаде францускиот репрезентативец.

Мајкл Олисе е играч на Бајерн и има долгорочен договор. Ние не сме клуб кој продава. Ако Флорентино Перез сака да ни испрати понуда, што засега не се случило, може да се поштеди од тој напор. Дури и за повеќе од 150 милиони евра нема да разговараме, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез ја доби победата на изборите: Реал прво плаќа 15.000.000, а потоа и 10 пати повеќе?

Флорентино Перез е моќен и нема кој да му претставува конкуренција во Мадрид. Кули и градо…