Дома Фудбал Реал Мадрид го избра новиот претседател, еве што значи тоа за Мурињо

Реал Мадрид го избра новиот претседател, еве што значи тоа за Мурињо

Флорентино Перез даде посебна изјава за медиумите по убедливата победа на изборите за претседател на Реал Мадрид, каде што го победи Енрике Рикелме.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претседателот пристигна околу полноќ, а го пречека возбудена толпа, скандирајќи „претседателе, претседателе“. Тој се натпреваруваше против бизнисменот Енрике Рикелме (37).

„Овој ден беше извонреден за Мадрид. Веќе ви благодариме за поддршката, љубовта и силата што не’ доведовте до победа на овие избори. Освоивме на сите гласачки места, во сите возрасни групи. Остваривме втор најдобар резултат во историјата на изборите во Реал Мадрид, а првиот беше наш исто така, во 2004 година. Резултатите можеа да бидат и подобри, бидејќи ни беа поништени 1000 гласови преку пошта, за што ќе вложиме жалба. Ние дадовме пример за демократија и кохабитација во светот. Ние сме една голема фамилија. Како претседател сум горд, ова беше извонреден ден. Ова е нашиот Мадрид – независен и без страв од иднината.“

Сега е јасно и каква ќе биде иднината на Жозе Мурињо.

Тука сум за да го бранам Мадрид, да продолжиме да освојуваме титули, да се гордееме со „Бернабеу“, да се гордееме што ги имаме најдобрите играчи и најдобриот тренер – вистински мадридиста како Мурињо. Не се сомневајте дека со мене како претседател, Мадрид беше, е и ќе биде на своите членови. Денес со возбуда гледавме како излегувавте да гласате со најблиските – родители, деца, внуци. Покажавте што е мадридизам – чувство кое обединува милиони луѓе ширум светот. Меѓу нив е и Папата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар дозна кој е бомбата на Реал од 150 милиони евра: Бев шокиран, не можев да верувам…

Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на…