
Стотици навивачи во саботата ја пречекаа фудбалската репрезентација на Куракао со славење, по победата од 4:0 против соседната Аруба во пријателски натпревар. Овој натпревар беше последната проверка за оваа карипска држава, рангирана на 82. место во светот според ФИФА, пред да заминат во Соединетите Американски Држави каде ќе се натпреваруваат на своето прво Светско првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На социјалните мрежи кружи видео од доаѓањето на репрезентативците на стадионот во главниот град Вилемстад. Тие пристигнаа со автобус обоен во живи бои, без прозорци, со музика, додека играчите во ритам удираа по автобусот.
Old-school bus. No windows. Music playing. Curaçao‘s team bus arrival is unmatched. pic.twitter.com/mj1OuLKD0m
— Sports Illustrated FC (@SI_FootballClub) June 7, 2026
Прославата започна на преполнетиот стадион Ерхилио Хато во Вилемстад, каде приближно 15.000 гледачи, или околу секој шестнаесети жител на Куракао, беа сведоци на убедливата победа на својот тим.
Со територија од 444 квадратни километри и население од околу 160.000, Курасао стана најмалата држава во историјата што се квалификувала за Светското првенство. Курасао е во група со гиганти како Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.
Историската квалификација на тимот предизвика огромно возбудување низ целата земја, а играчите ја добија одушевената поддршка од навивачите по триумфот против Аруба. Оваа победа, исто така, успеа да ја ублажи болката од тежок пораз со 4:1 од Шкотска претходната недела.
Курасао го предводи искусниот холандски селектор Дик Адвокаат, кој во февруари се повлече од функцијата за да се грижи за болната ќерка, а во мај се врати на клупата, по краткото водство на неговиот сонародник Фред Рутен.
Репрезентацијата на Курасао ќе дебитира на Светското првенство на 14 јуни против Германија, во првиот натпревар од групата Е.