Дома Фудбал Капитенот на Ирак едвај влегол во САД, седум часа го држеле на аеродром во Чикаго!

Капитенот на Ирак едвај влегол во САД, седум часа го држеле на аеродром во Чикаго!

Имавме можност да видиме бројни интересни видеа и да слушнеме убави приказни за патувањето на фудбалерите од разни земји во Северна Америка, каде што во четврток започнува долгоочекуваното Светско првенство, но ова не е една од тие приказни.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилците беа испратени со водени топови во надеж дека тоа ќе им донесе среќа, Јапонците беа дочекани во Мексико со каубојски капи, додека пак тимот на Ирак беше третиран како потенцијални терористи.

Ирак се квалификуваше победувајќи ја Боливија во интерконтинентален бараж што се одржа на последниот ден од март во мексиканскиот Монтереј, но делот од нивното патување во Соединетите Американски Држави нема да остане во убаво сеќавање за фудбалерите од оваа блискоисточна земја.

Според египетскиот портал Кора плус, се извесува дека 30-годишниот напаѓач Ајмен Хусеин, капитенот на репрезентацијата на Ирак и играч на Ал Карма, бил задржан и испрашуван речиси седум часа на аеродромот во Чикаго.

Еден официјален претставник објасни дека мобилниот телефон на Хусеин, кој даде одлучувачки гол за пласман на Ирак на Светското првенство по 40 години, предизвикал интерес кај тамошните граничари, но тоа не беше крајот на проблемите.

„Официјалниот фотограф на репрезентацијата Талал Салах беше задржан повеќе од 10 часа. Му беше прегледан телефонот, а потоа му беше одбиена дозволата за влез во САД“, објасни официјалниот претставник, кој има блиски релации со фудбалската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хит: Погледнете како најмалата репрезентација пристигна на подготвителниот натпревар пред СП (Видео)

Стотици навивачи во саботата ја пречекаа фудбалската репрезентација на Куракао со славење,…