Дома Фудбал Останато АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) никогаш не била против системска и одржлива регулација на пазарот, но реагира на фактот дека институциите упорно ги носат законите зад затворени врати, целосно исклучувајќи ги легитимните претставници на индустријата. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24, истакна дека ниту една институција досега не ја повикала Асоцијацијата на дебата за да се слушнат нивните предлози кои се темелат исклучиво на европските стандарди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во обид да се дојде до функционално законско решение кое навистина ќе ги заштити граѓаните, а нема да значи уништување на легалниот сектор, АСОМ во континуитет нуди конструктивен предлог базиран на три основни столба.

„Првиот столб од предлогот на АСОМ се однесува на дополнително заострување на казнената политика. Иако легалните приредувачи доследно ги почитуваат протоколите и спроведуваат строги контроли за забрана за влез на малолетници, Асоцијацијата предлага воведување на уште повисоки и поригорозни финансиски казни за сите приредувачи кои евентуално нема да го почитуваат овој дел од законот. Во легалните објекти правилата мора да важат за сите без исклучок. Вториот клучен столб е целосната либерализација и отворање на пазарот за онлајн приредување на игри на среќа за веќе лиценцираните легални компании“, појасни Илијевски.

Според него, ова е единствениот начин да се создаде природен баланс на пазарот според европски терк, каде што домашните компании ќе ги развиваат своите платформи со највисоки стандарди за заштита на играчите. Наместо тоа, новиот предлог-закон предвидува воспоставување на државен монопол, со што целосно се исклучуваат приватните приредувачи.

„Третиот столб предвидува сериозни инвестиции во превенцијата преку организирање на масовни национални едукативни кампањи. АСОМ веќе инвестира сопствени ресурси во кампањи за одговорно играње и континуирана едукација на вработените “, вели Илијевски.

Сепак, Асоцијацијата смета дека е неопходно во овој процес активно да се вклучат Владата и специјализираните државни институции. Целта на овие заеднички кампањи е да се едуцира јавноста дека игрите на среќа се исклучиво форма на забава со мали влогови, а не начин за остварување профит преку компулсивно играње, потенцира Илијевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рафа Надал ги избра 10-те најголеми спортисти на сите времиња

Рафаел Надал, еден од најуспешните тенисери во историјата, состави листа на десет најзнача…