Дома Фудбал Емоции до небо: Семејството на загинатиот аган го посети Давид кој му посвети гол (Видео)

Емоции до небо: Семејството на загинатиот аган го посети Давид кој му посвети гол (Видео)

Трагичната загуба на 13-годишниот Аган од кумановското село Черкези, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа додека управувал електричен тротинет, ја потресе целата македонска јавност.

Неколку дена по несреќата, младиот фудбалер Давид од ФК Еуроспорт постигна погодок и емотивно му го посвети на својот врсник, испраќајќи порака која допре до многумина.

Оваа приказна деновиве доби и посебно продолжение. Семејството на Аган го посети Давид во неговиот дом, каде што се сретнаа со него и неговото семејство во атмосфера исполнета со емоции и почит.

Како симболичен гест и спомен на прерано згаснатиот живот, семејството на Аган му ја подари на Давид топката што му припаѓала на нивниот син, оставајќи силна порака за пријателството, спортот и спомените кои продолжуваат да живеат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем удар за Атлетико Мадрид – причината е Хулијан Алварез!

Диего Симеоне се соочи со нов голем проблем пред важниот натпревар што Атлетико Мадрид го …