Дома Фудбал Во Сити збеснаа поради дресот на Халанд, најавија и тужба!

Во Сити збеснаа поради дресот на Халанд, најавија и тужба!

Големи реакции предизвика ветувањето на еден од кандидатите за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, дека ќе доведе, меѓу другите, Ерлинг Халанд од Манчестер Сити ако биде избран за претседател. Славниот премиерлигаш се закани и со тужба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причината за ваквата правна акција е што Рикелме во емисија, каде ја објави оваа намера, покажа дрес на Реал Мадрид со името на Халанд и бројот 9.

„Шпекулациите од Шпанија за иднината на Ерлинг Халанд се ЛАГА. НЕМА шанси да се случи тоа, бидејќи не постои клаузула во договорот што би го дозволила. Размислуваме за ПРАВНИ АКЦИИ поради користење на сликата на нашиот играч во овој контекст“, се вели во изјавата на Манчестер Сити.

Интересно е што во англискиот вицешампион не се осврнаа на Родри, исто така нивни играч, кој исто така беше споменат од Рикелме како засилување за Реал доколку стане претседател на клубот од Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква комедија: Погледнете што се случуваше на тренингот на Панама пред Мундијалот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Панама се најде на удар на сериџиите откако снимка од нивнио…