Дома Фудбал Флорентино Перес не го враќа само Модриќ: Во Реал се враќа и неговиот поранешен партнер од средниот ред!

Флорентино Перес не го враќа само Модриќ: Во Реал се враќа и неговиот поранешен партнер од средниот ред!

Флорентино Перес останува претседател на Реал Мадрид по победата на изборите, а сега следува “гасење на огнот” по многу лошата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговото решение изгледа го гледа во враќањето на големите имиња на клубот, а започна со Жозе Мурињо, кој повторно седна на клупата. По него, според наводите на шпанските медиуми, би можеле да се вратат и неговите поранешни големи надежи во средниот ред Лука Модриќ и Тони Крос.

Тие двајцата треба да станат дел од спортскиот сектор и да соработуваат со поранешниот свој тренер.

За Лука Модриќ од порано е познато дека е блиску до враќање, а беше зборувано и за можноста повторно да облече дрес на Кралскиот клуб. Сепак, се чини дека по Мундијалот ќе стави крај на богатата играчка кариера. Тој би требало да има улога во управата која е тесно поврзана со првиот тим и стручниот штаб.

Од друга страна, Крос би бил непосредно дел од стручниот штаб и би ја извршувал улогата на скаут и учествувал во изградба на долгорочната стратегија на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер се насочува кон англиски репрезентативец

Интер го насочи својот интерес кон десниот бек играч на Тотенхем, Џед Спенс, објавуваат Џа…