Дома Фудбал Во Манчестер Јунајтед ја променија позицијата за Барселона и Рашфорд

Во Манчестер Јунајтед ја променија позицијата за Барселона и Рашфорд

Управата на Манчестер Јунајтед сега е подготвена да преговара со Барселона за нови услови за евентуален траен трансфер на Маркус Рашфорд на „Камп Ноу“, тврди „Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците имаа опција да го купат англискиот репрезентативец за 30 милиони евра, но ги одбија тие услови, инсистирајќи на поповолни. Позицијата на „црвените ѓаволи“ досега беше ултимативна – Барселона да ги плати тие 30 милиони без никакви дополнителни преговори или да заборави на Рашфорд.

Меѓувреме, шпанскиот шампион го ангажираше Антони Гордон од Њукасл за 70 милиони евра. Иако на тој начин си го обезбеди левиот дел од нападот, каталонскиот клуб не ја затвори целосно вратата за останувањето на Рашфорд. Категорична желба на самиот играч е да продолжи на „Камп Ноу“, иако според англиските медиуми интерес за него има и од Њукасл, Тотенхем, Астон Вила, а последните денови се споменува и Арсенал.

Од „Олд Трафорд“ за момент немаат цврста понуда за траен трансфер на Рашфорд и затоа ја реформираа позицијата, сметајќи дека продажба по малку пониска цена ќе биде прифатлива само за да се избегне големата плата на крилото во следната сезона.

Според „Спорт“, од Барселона немаат испратено нова понуда за Рашфорд иако постоеа гласини дека имало таква во износ од 15 милиони евра. Сепак, Каталонците сега се во позиција што не треба да брзаат, додека Манчестер Јунајтед сака што побрзо да го реши прашањето за иднината на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинскиот играч за врска под прашање за Светското

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, можеби нема да може да смета на Нико Пас за претс…