
Репрезентацијата на Танзанија во категоријата до 17 години го освои Африканскиот куп на нации, откако славеше во финалето против Сенегал. Сепак, по завршувањето на турнирот, во центарот на вниманието се најде Дисмас Атанаси, кој беше најдобриот стрелец на првенството.
Дискусии за годините
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Атанаси постигна три гола и ја понесе титулата најдобар стрелец на турнирот, но на социјалните мрежи брзо се разви дискусија околу неговите години. Според официјалните информации, тој е роден на 26 декември 2011, што значи дека има 14 години, но многумина веруваат дека на фотографиите изгледа многу постаро и не е возможно да е така млад.
🇹🇿🚨 𝗗𝗜𝗦𝗠𝗔𝗦 𝗔𝗧𝗛𝗔𝗡𝗔𝗦𝗜 (𝟭𝟰) беше НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ на У17 Африканскиот куп на нации!
— Rising Stars XI (@RisingStarXI) June 3, 2026
Најмладиот играч на натпреварувањето.
РОДЕН ВО 2011. 14 ГОДИНИ 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/vbokuXvRqT
Танзанија ги победи сите натпревари од нокаут фазата по изведување на пенали. Последователно ги совладаа Алжир, Египет и Сенегал, откако претходно завршија први во групата пред Мали, Мозамбик и Ангола. Најголем придонес Атанаси даде во четвртфиналето, кога со два постигнати гола против Алжир ја одведе играта до пенали, а погоди и против Мозамбик во првиот натпревар од групната фаза.