Дома Фудбал Страшен состав: Еве како би изгледала Југославија на ова Светско првенство – место има за двајца Македонци!

Страшен состав: Еве како би изгледала Југославија на ова Светско првенство – место има за двајца Македонци!

Љубителите на фудбалот сигурно ги паметат славните настапи на репрезентацијата на Југославија на Светските првенства. Последниот пат кога „плавите“ ја преставуваа некогашната држава на најголемата фудбалска сцена беше во Франција, 1998 година. Тоа беа времиња кога за тимот играа ѕвезди како Саво Милошевиќ, Предраг Мијатовиќ, Синиша Михајловиќ и тогаш младиот Дејан Станковиќ, под тренерство на селекторот Слободан Сантрач.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Југославија го заврши настапот во групната фаза со истиот број бодови како Германија, успевајќи да се пласира во следната фаза по победата против САД. Потоа, беа тесно поразени од Холандија во осминафиналето.

Хрватска доби сопствена национална екипа по прогласувањето на независност од Југославија во 1991 година, заедно со Словенија. На Светското првенство во 1998, Хрватите го освоија третото место, додека напаѓачот Давор Шукер ја освои златната копачка.

Сепак, осум години претходно, на Светското првенство во 1990 година, Хрватите беа дел од југословенскиот тим, со играчи од Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија.

Таа година, Југославија стигна до четвртфиналето на Светското првенство во Италија, но беше елиминирана по изведување пенали од актуелниот шампион, Аргентина.

Но, како би изгледал тимот на Југославија ако денес постоеше? Каков состав би имала на мундијалот во 2026 година?

ГОЛМАНИ

Јан Облак од Атлетико Мадрид е еден од најдобрите голмани во светот и сигурно би го носел бројот еден. Сепак, би имал сериозна конкуренција во Ванја Милинковиќ-Савиќ од Торино и нашиот Столе Димитриевски.

ОДБРАНА

Иако често се смета за „постара алка“, дефанзивната линија не е слаба. Јошко Гвардиол (Манчестер Сити) е светска ѕвезда, а тука се и Јосип Станишиќ (Бајерн Минхен), Страхиња Павловиќ (Милан), Никола Миленковиќ (Нотингем Форест), Сеад Колашинац (Аталанта), Јака Бижол (Лидс), Марин Понграчиќ (Фиорентина) и Амар Дедиќ (Бенфика).

СРЕДЕН РЕД

Оскаровецот на „Златната топка“ Лука Модриќ можеби има 40 години, но сè уште е играч од врвна класа и се наоѓа во составот на Хрватска за Светското првенство 2026 година. До него би играле неговите сонародници Матео Ковачиќ (Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Аталанта), Никола Влашиќ (Торино), а од Србија би биле во тимот Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Ал Хилал), Немања Гудељ (Севиља) и Саша Лукиќ (Фулам), а место би можел да добие и македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас (РБ Лајпциг).

НАПАД

Денешна Југославија би имала впечатливи опции во нападот. Бенџамин Шешко од Манчестер Јунајтед (Словенија) би бил главен адут на нападната линија, иако 40-годишниот ветеран од Босна и Херцеговина, Един Џеко (Шалке), би се борел за своето место во првите единаесет.

Ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ (Србија), претставува уште една опција на позицијата центарфор, како и два од најпотценетите напаѓачи на Ла Лига: Ведат Муриќи (Косово) од Мајорка и Анте Будимир (Хрватска) од Осасуна. Тие двајца заедно постигнаа 40 голови оваа сезона во шпанската Примера.

Андреј Крамариќ (Хрватска) од Хофенхајм и 37-годишниот крилен напаѓач на ПСВ, Иван Перишиќ (Хрватска), го комплетираат нападниот дел од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Мадрид веќе пристигаат засилувања: Првото е во авион, второто го чекира билетот, третото ќе „експлодира“!

Дензел Дамфриз е првото засилување на Реал Мадрид! Фабрицио Романо со своето „here we go“ …