Дома Фудбал Авионот со фудбалерите полета од Истанбул, па се врати назад поради технички проблем

Авионот со фудбалерите полета од Истанбул, па се врати назад поради технички проблем

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа краток непријатен момент по полетувањето од аеродромот во Истанбул, откако авионот со кој патуваше беше принуден да се врати назад на пистата поради технички проблем.

Околу 20 минути по полетувањето, пилотот побарал враќање на аеродромот, што било одобрено од надлежните служби. Според првичните информации, станува збор за помал технички дефект, при што безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

Чартер летот на Фудбалската федерација на Македонија во моментов повторно се наоѓа на аеродромот во Истанбул и набрзо би требало да полета за Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…