Дома Останати Ракомет Вардар се засили со кадетски репрезентативец на Македонија!

Вардар се засили со кадетски репрезентативец на Македонија!

Ракометниот клуб Вардар го потврди ангажманот на младиот и перспективен Марко Ѓорчески, кадетски репрезентативец на Македонија, кој од следната сезона ќе биде дел од првиот тим на „црвено-црните“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓорчески настапува на позицијата лев бек, а може да одговори и на задачите во централниот дел од одбраната. Станува збор за еден од најталентираните ракометари од својата генерација, кој беше меѓу предводниците на селекцијата што неодамна го освои училишното првенство одржано во Македонија.

Своите ракометни почетоци ги имаше во Академија Алушовски, а во досегашната кариера настапуваше и за Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет.

„За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот“, изјави Ѓорчески по потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…