Дома Фудбал Турција веднаш по натпреварот со Македонија го објави списокот за Мундијалот!

Турција веднаш по натпреварот со Македонија го објави списокот за Мундијалот!

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, ден по убедливата победа од 4:0 против Македонија, го соопшти конечниот список на играчи за претстојното Светско првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Турција ќе настапи на Мундијалот по пауза од 24 години, откако последното учество го имаше во 2002 година, кога ја оствари и најголемата мундијалска сензација во својата историја.

На списокот на Монтела се најдоа 26 фудбалери, а вниманието најмногу го привлекуваат младите ѕвезди Арда Ѓулер од Реал Мадрид и Кенан Јилдиз од Јувентус, како и искусниот капитен Хакан Чалханоглу, член на Интер.

На Светското првенство, кое стартува на 11 јуни, турската репрезентација ќе се натпреварува во група со селекциите на Шведска, Холандија и Јапонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски добил луда понуда како дел од предизборна кампања!

Роберт Левандовски добил договор што би му донел околу 20 милиони евра по сезона плус бону…