Дома Фудбал Валенсија активира клаузула и го продолжува договорот на Димитриевски

Валенсија активира клаузула и го продолжува договорот на Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе остане дел од Валенсија и во наредните години, откако шпанскиот клуб одлучил да ја искористи можноста за автоматско продолжување на неговиот договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на шпанските медиуми, Валенсија ја активирала клаузулата која ѝ овозможува еднострано да ја продолжи соработката со искусниот чувар на мрежата за уште две сезони. Со тоа Димитриевски ќе биде врзан за клубот до летото 2028 година.

Како дел од договорените услови, клубот ќе му го исплати бонусот предвиден во претходниот договор, а воедно ќе обезбеди стабилност на голманската позиција во период кога неколку клубови покажале интерес за македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна договор: Ливерпул има нов тренер!

Андони Ираола наскоро треба да биде објавен како нов тренер на Ливерпул. Зошто проблемот с…