
Португалскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Леао потврди дека има намера да го напушти Милан по завршувањето на претстојното Светско првенство, истакнувајќи дека сака нов предизвик и продолжување на кариерата во друга лига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дваесет и шестгодишниот напаѓач изјави за португалските медиуми дека смета дека го дал максимумот за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант.
„Лично, дадов сѐ за Милан. Тоа е клуб што многу ми помогна да напредувам и ме поддржа во тешките моменти. Среќен сум што успеав да оставам траг во историјата на клубот. Секој има амбиции, а јас сонувам за нов предизвик во нова лига. Ако се случи тоа, ќе бидам многу среќен затоа што мојата работа во Милан ја обавив како што треба“, рече Леао.
Тој нагласи дека во моментов главен приоритет му е настапот за репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026 година.