Дома Фудбал Англичанец потпиша за Барса, а веќе зборува шпански и каталонски. Навивачите воодушевени

Англичанец потпиша за Барса, а веќе зборува шпански и каталонски. Навивачите воодушевени

Ентони Гордон (25), кој досега беше лев крилен играч во Њукасл и репрезентативец на Англија, стана нов член на Барселона. Шпанскиот првак за Гордон ќе издвои фиксна сума од 80 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Гордон пристигна во Њукасл од Евертон пред три години за 45 милиони евра, а го напушти клубот откако во 152 натпревари постигна 39 голови и асистираше 28.

Пристигнувањето на Англичанецот во Барселона предизвика големо воодушевување во каталонската и шпанската јавност. На претставувањето во клубот, зборуваше на шпански, а пред стадионот, додека потпишуваше дресови за навивачите на Барса, кратко им се обрати и на каталонски. Кога слушнаа барселонците, му приредија престижни аплаузи на Гордон.

Шпанските новинари го запрашаа Гордон како ги научил шпанскиот и каталонскиот, бидејќи обично англиските фудбалери не учат тие јазици дури и по подолг престој во тие држави. Тој им одговори: “Од моето детство, додека растев во Ливерпул, сонував дека ќе заиграм за Барселона еден ден.

Тоа ми беше мотивација да почнам да ги учам шпанскиот и каталонскиот. Дополнително, во Њукасл имав шпански физиотерапевт и доста учев од него. Така што, кога Барселона се интересираше за мене, не размислував за други клубови.” Сериозен интерес за Гордон покажаа и Баерн и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ришарлисон е во голем проблем: Tottenham го пречкрта, му остана само бизарно решение од ФИФА!

Само неколку дена откако изгледаше дека конечно може да ја пронајде излезната врата од сит…