Дома Фудбал Aтлетико го објасни сарказмот кон Барселона: Многу сме лути, ситуацијата е сериозна…

Aтлетико го објасни сарказмот кон Барселона: Многу сме лути, ситуацијата е сериозна…

По саркастичните објави поврзани со наводната трансакција на Хулијан Алварез во Барселона, Атлетико излезе со сериозно соопштение. Според клубот, никогаш не добиле официјална понуда за Алварез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Иако многу изгледаше како шега, ситуацијата е суштински многу сериозна. Веќе подолго време сме револтирани од Барселона. Преку своите иронични објави, сакаме да покажеме какви методи користи каталонскиот клуб.“

Од Атлетико се изјаснија дека не само што Фабрицио Романо испраќал пораки, туку и медиумите кои ги следат клубовите вршат притисок, па дури и се поставуваат неприлични прашања на претседателот за можни преговори со Лапорта за Хулијан.“

Атлетико дадоа пример за „кампања на интерес“:

„Се организира вечера во Барселона и истовремено се известуваат медиумите да снимаат како Хуанма Лопез, кој е наводен посредник на играчот, излегува од ресторан. Во јавноста се пушта информација за понуда која наводно е испратена, но до нас никогаш не стиг.“

Атлетико дополнително обвини дека Барселона повеќе месеци го дестабилизира клубот:

„Доста е веќе. Многу сме лути и ова е нашиот начин да го изразиме тоа.“

Објаснето е дека Алварез е „заштитен“ со клаузула од 500 милиони евра и има договор до 2030 година:

„Хулијан не може да биде донесен за фиксна сума која се исплаќа по сезона и бонуси. Потребно е да се плати 500 милиони во готовина во седиштето на Ла Лига.“

Во клубот не се лути на агентот на Алварез, Фернандо Идалго:

„Ако Барселона постапеше правилно, агентот немаше да има никаква улога. Но, ако одите заобиколувајќи го клубот, работите не се прават правилно. Агентите живеат од тоа. Тоа е нормално и тоа е нивната работа. Проблемот е Барселона“, заклучија од Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар се раздели со двајца фудбалери!

По освојувањето на шампионската титула, Вардар продолжува со активностите околу формирањет…