Дома Фудбал Прв голем летен трансфер: Ентони Гордон потпиша со Барселона

Прв голем летен трансфер: Ентони Гордон потпиша со Барселона

Крилото на Њукасл, Ентони Гордон, официјално премина во Барселона. Каталонскиот клуб го потврди привлекувањето на англискиот репрезентативец, кој потпиша договор за пет години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите, Барса ќе плати 70 милиони евра за 25-годишниот играч, а сумата може да порасне до над 80 милиони евра со вклучените бонуси.

Во изминатата сезона во Премиер лигата, Гордон постигна 6 гола и 2 асистенции во 26 одиграни натпревари. Целосната му статистика може да се разгледа тука.

“Доцна дознав за интересот на Барселона, но откако разбрав дека има големи шанси трансферот да се оствари, немав никакви дилеми дека го сакам тоа. Секогаш сум се надевал да играм тука. Ова е најголемиот клуб во светот. Преминувањето во Барселона е исполнет сон од детството”, изјави Ентони Гордон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…