Дома Фудбал Барселона е на чекор да изгради моќен напад со кој ќе ја нападне Лигата на шампионите!

Барселона е на чекор да изгради моќен напад со кој ќе ја нападне Лигата на шампионите!

Каталонскиот клуб има амбиција да донесе уште едно големо засилување во нападот…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона вчера неофицијално го заокружи трансферот на Ентони Гордoн, кој денеска на пладне ќе пристигне во главниот град на Каталонија за да ги заврши вообичаените медицински тестови.

Но, овој 25-годишен англиски напаѓач нема да биде единственото освежување во нападот на Барса. Ханси Флик сака уште повеќе голови. Германскиот стратег има за цел да ја освои Лигата на шампионите и смета дека за остварување на оваа амбициозна цел клучно е да се зајакне напаѓачката линија.

Барселона вчера успешно го заврши трансферот на Ентони Гордон, кој оваа сезона за Њукасл постигна 17 голови во 46 натпревари, но тој нема да биде единственото засилување во нападот. Ќе има уште. Намерата на клубот е да реализира две операции на самиот врв на нападот, и токму таму клубот ќе ги насочи и најголемите дел од своите економски ресурси.

За трансферот на Гордон, Барселона ќе плати 70 милиони евра (што може да се зголеми до 80 милиони ако се исполнат одредени услови: освоените титули, повеќе од 60 проценти одиграни натпревари), но клубот сè уште располага со средства за уште една голема операција во нападот.

Хулиан Алварез останува конкретна и јасна цел, а контактите за неговото доведување не се прекинати. Всушност, тие се интензивирани преку директни средби меѓу Деко и агентите на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе биде големо засилување на Барселона, а еве што зборуваше за Мурињо

Ентони Гордон ја изрази својата фасцинација кон Мурињо уште од детството по победата со Њу…