Дома Фудбал Варди по една сезона повторно го менува клубот

Варди по една сезона повторно го менува клубот

Легендарниот Џејми Варди (39) ќе го напушти Кремонезе кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната, како што известуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач се разделува со италијанскиот клуб по само една година, откако Кремонезе испадна од Серија А во понизок ранг на натпреварување.

Во текот на 29-те настапи, англискиот фудбалер постигна седум голови и асистираше трипати во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.

Минатото лето Варди пристигна во Кремонезе како слободен играч, откако замина од Лестер со истекот на неговиот договор, последица на испаѓањето на англискиот клуб од Премиер лигата.

Фудбалерот, кој е на 39-годишна возраст, тогаш потпиша едногодишен договор, кој завршува на 30 јуни, по што ќе биде повторно слободен играч.

Кремонезе ја заврши сезоната со испаѓање во Серија Б, по поразот од Комо во последното коло, додека Лече со победата над Џенова си обезбеди опстанок.

Во текот на сезоната клубот ги смени тренерите, откако Давиде Никола беше заменет од Марко Џампаоло, но обидот не успеа да ја запре падот на тимот.

Италијанските медиуми известуваат дека Варди би можел да ја продолжи кариерата во Англија, а на Островот не ја исклучуваат можноста за големо враќање во Лестер, кој следната сезона ќе игра во Лига 1, третиот ранг на натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе биде големо засилување на Барселона, а еве што зборуваше за Мурињо

Ентони Гордон ја изрази својата фасцинација кон Мурињо уште од детството по победата со Њу…