
21-годишниот стопер на Реал Мадрид – Дин Хујсен доживеа астрономски раст во последните две години. Поникнал од академијата на Јувентус, а по полусезона на позајмица во Рома, англискиот премиерлигаш Борнмут виде доволно и се одлучи да се раздели со 22 милиони евра за неговиот потпис. По само една година на Островот, Хујсен заработи трансфер на кариерата во Мадрид за 62,5 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хујсен е роден во Амстердам, од холандски родители, но на пет годишна возраст се преселил во Марбела, каде што пораснал. Фудбалски созревал во Шпанија, но на репрезентативно ниво во младинските категории ги бранеше боите на Холандија и играл за некои од нивните селекции.
Кога дојде моментот на одлука на сениорско ниво, имаше избор: да остане со Холандија или да го прифати повикот на Шпанија. Се одлучи за Фуријата и објасни дека таму се чувствува како дома и дека се смета за Шпанец, бидејќи речиси целиот живот го поминал таму.
Сепак, дел од јавноста никогаш не поверувала дека тоа бил единствениот мотив. Надвладаше мислењето дека промената на репрезентацијата била ладна спортска калкулација – пат со повеќе простор и наводно поголеми шанси за учество на Светското првенство 2026. Хујсен таму стана дел од првата постава и денес игра во почетните 11 на најголемиот клуб во светот. На хартија – сè совршено. А потоа студен туш.