
Во Лајпциг, во вторникот навечер избувнаа инциденти пред големото финале на Конференциската лига, во кое ќе се сретнат Кристал Палас и Рајо Ваљекано вечерва во 21 часот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат како навивачи се судираат во близина на еден паб во германскиот град. Се гледа како група во црни маици трча кон навивачите во дресовите на Палас, по што интервенираше полицијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германската полиција го обезбеди подрачјето во близина на централниот градски плоштад по инцидентите. Според британските медиуми, неколку десетици навивачи биле приведени на неколку часа поради нарушување на јавниот ред и мир.
Кристал Палас и Рајо Ваљекано од УЕФА добија околу 11.500 билети за финалето. Сепак, се очекува илјадници навивачи да пристигнат во Лајпциг без билети за да ја почувствуваат атмосферата и да го следат натпреварот на големите екрани и во пабовите. Ова е шанса за двата клуба да се борат за првиот голем европски трофеј, а победникот ќе обезбеди учество во Европската лига следната сезона.