Дома Фудбал Милан го отпушти Алегри и сака тренер од Премиер лигата!

Милан го отпушти Алегри и сака тренер од Премиер лигата!

Фудбалскиот клуб Милан ќе направи револуција летово. Повторно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот го отпушти Масимилијано Алегри и ќе го промени целиот спортски сектор.

За да ги започнат промените, мора што поскоро да го завршат потписот со новиот тренер, за да се знае во кој правец ќе одат.

Така, англиската Sky News јавува дека Милан започнал преговори со тренерот на Bournemouth, Андони Ираола.

Шпанецот одлично ја заврши работата во Bournemouth, со кој се пласира во Европа Лига, но одлучи да го напушти клубот летово.

Се спомнуваше дека го посакуваат Кристал Палас и Бајер Леверкузен, но сега Милан влезе во трка после голем неуспех откако не се пласираа во Лигата на шампионите.

Ираола спаѓа во редот на нови современи тренери, чии тимови играат атрактивен фудбал, а тој со својата работа промовира голем број играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …