
Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид сè уште не е официјално потврдено, но веќе се појавуваат првите големи желби на португалскиот стручњак за новиот проект на Сантијаго Бернабеу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според пишувањата на шпанските медиуми, Мурињо го означил извонредниот Италијанец како приоритетно засилување за одбраната на кралскиот клуб, и наводно веќе разговарал со италијанскиот репрезентативец за можен трансфер во Мадрид.
Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, долго време беше поврзуван со Барселона, но сега во целата приказна сериозно се вклучи и најголемиот ривал.
Наводно, Мурињо смета дека Бастони е идеален лидер на новата одбрана на Реал поради неговата смиреност, квалитет при изнесувањето на топката и искуство на највисока сцена. OK Diaro пишува дека Бастони веќе му рекол на Мурињо дека доаѓа и дека е подготвен да биде дел од неговиот нов проект во Мадрид.
Италијанецот има договор со Интер до 2028 година, а клубот од Милано нема да го пушти лесно. Шпанските извори тврдат дека трансферот би можел да изнесува дури 70 милиони евра, што во Мадрид наводно го сметаат за прифатлива инвестиција ако Мурињо ја добие водечката улога во реконструкцијата на тимот.