Дома Фудбал Милан потврди голема чистка, избркан и Алегри!

Милан потврди голема чистка, избркан и Алегри!

Раководството на Милан денеска официјално ги укина договорите на тренерот Масимилијано Алегри, генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Џефри Монкада, поради катастрофалните резултати и ужасниот крај на Серија А, со што Росонерите не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што истакнаа од клубот, раководството на Милан имаше цел да се врати во Лигата на шампионите и да постави основа за долгорочно добивање на врвни позиции во Серија А.

“За најголем дел од сезоната, се наоѓавме на една од првите две позиции во Серија А, со реални шанси за борба за Скудето. Меѓутоа, завршницата беше тотално несоодветна на дотогашните игри, а синоќешниот пораз во последниот натпревар ја претвори сезоната во недвосмислен неуспех”, велат од Милан и додаваат:

“Сега е време за промени и сеопфатна реорганизација на фудбалските операции. Со одлука што стапува на сила веднаш, се разделуваме со генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре, главниот тренер Масимилијано Алегри и техничкиот директор Џефри Монкада. Му се заблагодаруваме на секој од нив за нивниот труд и посветеност на AC Milan во текот на нивниот мандат”.

Истакнаа дека новите имиња на позициите што од денеска се испразнети ќе бидат објавени во догледно време.

Да потсетиме, Милан заврши како петти откако синоќа на Сан Сиро беа поразени од Каљари со резултат 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Револуција во Милан: Модриќ ги пакува куферите – ова се причините!

Милан остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во последното коло загуби од К…