Дома Фудбал Димитриевски: Не знам дали ќе останам во Валенсија…

Димитриевски: Не знам дали ќе останам во Валенсија…

Македонскиот голман Столе Димитриевски заедно со Валенсија ја заврши сезоната со триумф над Барселона во Ла лига.

По натпреварот, Димитриевски истакна дека е штета што трудот не бил награден со пласман во Европа.

„Штета е. Се боревме до самиот крај, ја победивме Барселона, но не успеавме да се пласираме во Европа поради останатите резултати. Одигравме добар натпревар, работевме напорно и се боревме до крај. Жалиме што не беше доволно, бидејќи тоа го заслужуваат навивачите. Прашањето дали ќе останам во Валенсија не зависи од мене, туку од клубот. Јас сум воодушевен овде, работам напорно откако дојдов и постојано се трудам“, кажа Димитриевски.

Претходно интерес за македонскиот голман покажа поранешниот европски шампион Олимпик Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал, Челси и Ливерпул во трка за Алекс Скот

Алекс Скот, младиот играч од средниот ред на Борнмут, е во фокусот на Арсенал, Челси и Лив…