
„Газета дело спорт“ ја објави информацијата дека Жозе Мурињо го сака Бастони и смета дека Италијанецот би бил совршено засилување за одбраната на Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Не е тајна дека позицијата на стопер во Мадрид моментално е најкритична, бидејќи Едер Милитао повторно доживеа сериозна повреда, до есента, дека Давид Алаба заминува, исто така, Антонио Ридигер сепак е ветеран. Дин Хаусен пристигна минатото лето од Борнмут, но не може да се каже дека целосно ги оправда очекувањата, па затоа идејата на Мурињо да го донесе Бастони е сосема логична.
Бастони е среќен во Интер, сакаше да оди во Барселона, дури договори и лични услови, но како што пишувавме, Каталонците се откажаа и тоа сака да го искористи Реал Мадрид.
Интер бара минимум 70.000.000 евра, што за Флорентино Перез нема да претставува проблем за решавање на еден од горливите проблеми.