Дома Фудбал Бомба од Мадрид: Познато е првото засилување на Реал за новата сезона?

Бомба од Мадрид: Познато е првото засилување на Реал за новата сезона?

Реал Мадрид почнува нова ера со Жозе Мурињо на клупата. Кралевите после две години без трофеи решија да направат големи промени, а тимот од „Бернабеу“ ќе биде значајно променет во текот на летото.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некои од долгогодишните членови (Дани Карвахал, Давид Алаба) ја напуштаат екипата, ќе има и продажби, а Жозе Мурињо и Флорентино Перез веќе интензивно работат на носење засилувања за следната сезона.

Многу имиња се поврзуваат со Реал. Сепак, засега најблиску до доаѓање во Мадрид е аргентинскиот играч од средината на редовите на Челси, Ензо Фернандез.

„Реал Мадрид почнува потера по играчот од средината на Челси, Ензо Фернандез. Големи се шансите дека натпреварот против Сандерленд овој викенд ќе биде неговиот последен меч за клубот,” се наведува.

25-годишниот играч од средината е подготвен за трансфер. Неговата желба е потпис со Реал и изгледа дека со правата понуда нема да има проблеми во овој процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп Гвардиола ќе добие статуа и трибина на „Етихад“

Пеп Гвардиола ќе добие статуа пред стадионот Етихад, а северната трибина на Манчестер Сити…