Дома Фудбал Неповторливиот Кристиано Роналдо го круниса Ал-Наср

Неповторливиот Кристиано Роналдо го круниса Ал-Наср

Ал-Наср е новиот шампион на Саудиска Арабија, а Кристиано Роналдо додаде уште еден трофеј на неговата пребогата колекција. Португалската суперѕвезда постигна два гола за убедливата победа со 4:1 против Дамак во последното коло од сезоната во СПЛ и го изведе тимот од Ријад до првата титула од 2019 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ал-Наср немаше право на грешка, откако во претходниот натпревар на исклучително драматичен начин ги изгуби трите поени против директниот конкурент Ал-Хилал со автогол на голманот Бенто во дополнителното време. Денес двата тима ги победија своите натпревари, што беше сосема доволно за Кристиано и компанија да ги подигнат рацете во победа.

Ал-Наср собра 86 поени, додека Ал-Хилал остана втор со 84, по минималната победа со 1:0 против Ал-Фајха. Третото место го освои Ал-Ахли, а четвртата квота за основната фаза на Азијската Лига на шампионите ја доби Ал-Кадисија. Ал-Итихад заврши петти и ќе игра во квалификациите за учество во турнирот.

Најдобар стрелец на сезоната беше Хулиан Кинонес од Ал-Кадисија. Мексиканецот постигна 33 гола, а со еден помалку беше ѕвездата на Ал-Ахли Ајвн Тони. Кристиано Роналдо заврши третиот меѓу стрелците со 28 точни удари.

За Кристиано ова беше прв трофеј на клупско ниво од 2021 година, кога ја подигна Купата на Италија со Јувентус. Во ова време тој исто така славеше и во Лигата на нациите со националниот тим на Португалија.

Ал-Наср сега има 11 шампионски титули. Повеќе во историски контекст имаат Ал-Хилал (21) и Ал-Итихад (14), кои доминираа во првенството во последните 7 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Штом слушна дека Гвардиола си оди од Манчестер Сити, Артета испрати шокантна понуда!

Наводно, сето ова се случило кратко време откако тренерот на Арсенал дознал дека Гвардиола…