
Хаби Алонсо е назначен за нов тренер на Челси. Шпанскиот стручњак доаѓа во Лондон за да го извлече гигантот од просечноста во која се наоѓа веќе долго време и од него се очекуваат големи достигнувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алонсо ќе има апсолутна моќ да носи одлуки кога се во прашање трансферите. Тој ќе ја изгради екипата по негова желба, а еден од првите повици го направи во Мадрид. Турчинот Арда Гулер е желбата на 44-годишниот тренер.
“Хаби Алонсо го контактираше агентот на Арда Гулер. Новиот тренер на Челси сака талентираниот играч за среден ред во Лондон”, известуваат турските медиуми и додаваат:
“Двојката имаше одличен однос во Шпанија. Хаби му соопшти на клубот да одат ‘до крај’ со турскиот талент и го гледа како дел што му недостига на сегашниот тим. Челси сериозно го разгледува неговото доведување.”
Арда дојде во Реал Мадрид летото 2023 година од Фенербахче. Сепак, не доби веднаш вистинска шанса кај претходниот тренер Карло Анчелоти.
Играше малку сѐ додека не дојде Алонсо. Шпанецот конечно му даде шанса и 21-годишникот под негово водство играше навистина одлично.