Дома Фудбал Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Претседателот на Париз, Антоан Арно, го гледа Јирген Клоп како идеален кандидат за тренер на својот тим во иднина. Арно, инаку извршен директор на компанијата „Christian Dior SE“ и еден од најбогатите луѓе во светот, јавно ја изнесе својата амбиција, но постави јасен услов за доведување на славниот германски стручњак. “Ако успееме да се пласираме во Лигата на шампионите, би сакал да го убедам Јирген Клоп да ни се придружи и да го преземе тимот”, изјави тој за РМЦ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Париз, кој минатата сезона се пласираше во Ligue 1, има силна финансиска поддршка од семејството милијардери Арно и компанијата Ред Бул, која исто така држи сопственички удел. Токму Клоповата сегашна функција е врска со клубот, имајќи предвид дека работи како глобален водител на фудбалот за австрискиот производител на енергетски напитоци.

Благодарение на финансиската моќ, пласманот во Лигата на шампионите се смета за реална цел. „Кој не сонува за Јирген Клоп, неговиот весел дух и фудбалска генијалност? Сите порано или подоцна сонуваме за тоа да го доведеме”, додаде Арно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…