
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски ова лето ќе има интернационален предизвик во Кувајт, откако тамошните медиуми објавија дека ќе настапи на Азискиот шампионат како член на Кувајт Клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонскиот бек ќе биде четвртото странско засилување на тимот, кој претходно ги ангажираше Франкис Марзо, Владан Липовина и Виктор Итуриза.
На турнирот, Кувајт Клуб ќе игра во групата Б, каде што ривали ќе му бидат Ал Араби, Ал-Најма и Ал-Калејџ. Интересно е што на клупата на Ал Араби седи македонскиот стратег Данило Брестовац.
Токму против Ал Араби, Кузмановски и неговиот нов тим ќе го одиграат првиот натпревар на шампионатот, кој ќе се одржува од 6 до 15 јуни во Кувајт. Турнирот важи за азиска верзија на ракометната Лига на шампиони и традиционално ги собира најсилните клубови од континентот.