Дома Фудбал Пеп се огласи: Еве што вели за неговата иднина!

Пеп се огласи: Еве што вели за неговата иднина!

Со ремито против Борнмут (1:1) Манчестер Сити вчера испадна од трката за титулата што Арсенал ја чекаше 22 години, а прес-конференцијата која следеше по натпреварот беше и тоа како интересна.

На фудбалерите на Сити, без разлика дали сакаат да признаат или не, колумната на Daily Mail пред натпреварот, која информираше дека Пеп Гвардиола на крајот од сезоната ќе си оди од клубот независно од тоа дали ќе освои титула или не, ги измести малку.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На почетокот на прес-конференцијата, токму Пеп Гвардиола се осврна на оваа тема.

“Можам само да кажам дека имам уште една година од договорот и според моето искуство, кога вакви најави се прават среде сезона, обично резултираат лошо”, изјави Гвардиола, на некој начин признавајќи дека играчите не биле целосно фокусирани на натпреварот со Борнмут.

Гвардиола исто така истакна дека сè уште не донел крајна одлука за напуштање на Сити и дека пред прво ќе разговара со претседателот на клубот, Калдун Ал Мубарак.

“Би сакал да разберете, првата личност со која ќе разговарам е претседателот на клубот. Веќе одамна одлучивме дека ќе седнеме и ќе разговараме по завршувањето на сезоната, и тогаш заедно ќе донесеме одлука. Не можам да ви ја соопштам одлуката пред да разговарам со претседателот, играчите и моите соработници”, изјави Гвардиола, кој честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата.

“Од името на Манчестер Сити, честитам на Арсенал и на Микел Артета на освојувањето на Премиер лигата. Вистински го заслужија. Артета вложи многу труд и работа, и му честитам”, пренесе Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веќе е познато кој може да биде прво засилување за Мурињо во Мадрид!

Мортен Хјулманд (26), капитен на Спортинг Лисабон и незаменлив дефанзивен играч од среднио…