Дома Фудбал Се појави снимка: Ова е новата девојка на Јамал (Видео)

Се појави снимка: Ова е новата девојка на Јамал (Видео)

Ламин Јамал повторно се појавува на насловните страници на шпанските медиуми, но овој пат причината нема ништо заедничко со фудбалот или Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Марка“ известува дека оваа фудбалска ѕвезда била забележана во Грција за време на одмор, во друштво на нова девојка! На виралното видео, кое брзо се рашири низ социјалните мрежи, се гледа како Јамал и Инес Гарсија (20) опуштено шетаат држејќи се за раце, што ги натерало многумина да помислат дека меѓу нив има нешто повеќе од обично пријателство.

Гласините потекнуваат уште од порано кога биле видени на вечера во еден ресторан во Барселона, но токму видеото од Грција поттикна уште поголем интерес, известува „Марка“.

Инес Гарсија потекнува од Севиља, и во последно време стекна голема популарност на социјалните мрежи. На Инстаграм има околу 100 илјади следбеници, додека на ТикТок ја следат 170 илјади корисници. Позната е по модните и животните содржини, како и по модните совети.

До сега ниту Јамал, ниту Гарсија не ги коментираа гласините за можна романса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потрес на Островот: Веќе се најавува следниот клуб на Пеп?!

Вчера Манчестер Сити ремизираше на гостувањето кај Борнмут, што значи дека математика го о…