
Голманот на Баерн, Мануел Ноер, ќе биде број еден за Германија за време на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, објави во понеделник германскиот весник „Билд“, а веста ја пренесе и агенцијата „ДПА“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во веста се тврди дека селекторот Јулијан Нагелсман веќе го известил голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, дека ќе биде преместен на клупата и дека светскиот првак од 2014, а денеска 40-годишниот Ноер, ќе биде во почетниот состав.
Нагелсман во четврток ќе го објави списокот на 26 играчи, а враќањето на Ноер во репрезентацијата би требало да биде најголемото изненадување.