
Жозе Мурињо наскоро треба да биде официјализиран како нов тренер на Реал Мадрид, но и без официјална потврда, Специјалниот веќе работи на засилувања за следната сезона. Една од желбите на португалскиот експерт е италијанскиот дефанзивец Алесандро Бастони од Интер, кој во изминатиот период беше голема желба на ривалската Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во изминатиот период Барселона со сите сили се обиде да го заврши трансферот на италијанскиот дефанзивец Алесандро Бастони. Меѓутоа, понудите од Каталонија за 27-годишникот беа премали.
Барса му понуди на Интер 45 милиони евра за неговите услуги. Понудата беше лесно одбиена и Нераѕурите бараат минимум 60 милиони евра.
Во меѓувреме, Барселона наводно се откажала од неговото доведување бидејќи тренерот Ханси Флик не е сосема убеден дека Италијанецот би можел на вистински начин да се вклопи во неговиот тим и наводно веќе почнал да бара други опции.