
Нејмар ќе биде дел од 26-те играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веста ја разбуди радоста во земјата на петкратниот светски шампион. Сепак, одредени навивачи беа изненадени со изоставувањето на една голема ѕвезда.
Имено, на списокот го нема Жоао Педро, напаѓачот на Челзи, кој иако тимски немаше некоја успех, индивидуалн одигра одлична сезона.
Оваа сезона постигна 20 голови и даде шест асистенции во Премиер лигата, но тоа не беше доволно за да се најде на завршниот список за Мундијалот.
Од статистички аспект, одлуката допринесе за дополнителни контроверзии. Само тројца играчи оваа сезона постигнаа повеќе голови во најсилната лига во светот, а ако се исклучат головите од пенал, пред него е само Ерлинг Халанд.
Селекторот Карло Анчелоти по објавата призна дека му било тешко да донесе таква одлука.
„Жалиме за Жоао Педро. Врз основа на сезоната што ја имаше во Европа, веројатно заслужуваше повик, но одлучивме да се фокусираме на други играчи“, изјави познатиот Италијанец.