
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, но истакна дека во овој момент е поблизу до останувањето во Лисабон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мурињо откри дека неговиот агент Жорж Мендеш веќе разговара со раководството на мадридскиот клуб.
„Во овој момент 99 проценти е дека ќе останам во Бенфика, бидејќи имам договор и понуда која сè уште не сум ја разгледал, но мојот агент ми рече дека е извонредна. Од страна на Реал Мадрид засега немам ништо, но, повторувам, никој од нас не е наивен, единствено што моментално постојат се разговорите помеѓу Жорж Мендеша и структурата на Реал Мадрид“, рече Мурињо.
Мурињо не ги криеше своите емоции кон Бенфика.
„Сакам да си дадам време да анализирам, размислам и сам да одлучам. Бенфика е Бенфика и она што го чувствувам кон Бенфика веќе не можам да го скријам. Целата кариера го криев тоа, но сега повеќе не можам“, рече Мурињо.