
Во време кога важните фудбалски настани буквално се менуваат од час во час, некои работи и некои играчи едноставно паѓаат во заборав, ако не се постојано пред вашите очи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многу љубители на фудбалот веќе имаат заборавено на стоперот на Манчестер Јунајтед, Матијс де Лихт, кој долго време се мачи со повреди и не беше во можност оваа сезона да им помогне на своите соиграчи.
А што всушност се случува со Холанѓанецот денес?
Тој успешно се подложи на операција на грбот, соопшти англискиот клуб.
Како што е наведено, по долгиот процес на рехабилитација, донесена е одлука дека интервенцијата е најдоброто решение.
Манчестер соопшти дека се очекува Де Лихт да се врати на теренот дури во раната фаза на следната сезона.