Дома Фудбал Бомба: Чаби Алонсо има нов клуб!

Бомба: Чаби Алонсо има нов клуб!

Чаби Алонсо е пред враќање на тренерската работа,. шпанскиот стратег од лето ќе го преземе кормилото на Челси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По кратото и неуспешно искуство во Реал Мадрид, шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе добие нова шанса. Наскоро ќе стане новиот тренер на Челси од Лондон.

Според англиските медиуми, Челси и 44-годишниот тренер се блиску до постигнување договор, а очекувањата се се тради по финалето на ФА Купот против Манчестер Сити денеска.

„Сините“ од Стемфорд Бриџ сакаат што побрзо да го озваничат договорот за да започне планирањето на наредната сезона. Според сите показатели, тоа може да се случи уште денеска кога Алонсо би станал новиот менаџер на тимот од Лондон.

По неуспешното ангажирање во Реал Мадрид, Алонсо пристигнува во Лондон со надеж дека ќе го рехабилитира својот углед како тренер, кој претходно успешно го изгради на клупата на Бајер Леверкузен.

Алонсо ќе има шанса да го извади Челси од кризата во која се најдоа. Ќе добие финансиска поддршка и талентиран состав, започнувајќи со градење на новиот тим.

Во Челси веруваат дека доаѓањето на Чаби Алонсо може да означи почеток на сосема нова ера по турбуленциите кои го задесија клубот изминативе години. Промените во сопственичката структура, честите замени на тренери и скапите, но неубедливи трансфери, доведоа до скоро целосна загуба на идентитетот на тимот.

Алонсо се очекува да биде клучниот човек што ќе врати стабилност и препознатлив стил во соблекувалната на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави нова снимка: Дали Германија беше оштетена против Парагвај? (Видео)

Страстите во Германија сè уште не стивнуваат по елиминацијата од страна на Парагвај. Тамош…